Њукасл и Сандерленд се двата клуба кои се најголеми од северот на Англија, па кога играат меѓусебе, дуелите се полни со тензии како на теренот така и надвор од него. Превентивно овие мечеви најчесто се играат во пладневните термини, но овојапт и тоа не беше доволно за да се избегнат немирите.
Пред мечот, низ улиците на Њукасл покрај стадионот „Сент Џејмс парк“ имаше хаотични сцени со тепачки меѓу навивачите на двата тима. Како што пренесуваат британските медиуми, едно лице е потешко повредено. Едноставно сцените пред мечот наликуваа на хаотичните моменти кои се гледаа во Англија пред повеќе од 30-тина години, кога хулиганизмот беше во подем.
🚨💣 Shocking scenes outside St James’ Park. 😳
Fights have broken out among fans, leaving one supporter in a serious condition.
CPR was administered on the spot before he was taken away by ambulance.
Not good at all. 🙏🏻 pic.twitter.com/aWwAWF1b0B
— Topskills Sports UK (@topskillsportuk) March 22, 2026
Од фудбалскиот дел, Сандерленд стигна до победа и тоа со пресврт во второто полувреме. Њукасл водеше со голот на Гордон во 10 минута, но гостите направија пресврт во вториот дел. Талби израмни на 1:1 во 57 минута, Бробеј со погодок во 90 минута донесе голема радост за гостите.
Со оваа победа Сандерленд стигна до 43 бодови и се искачи на 11 место на табелата, прескокнувајќи го токму Њукасл кој сега е на 12 место со 42 бодови.

