Аргентинскиот репрезентативец Алексис Мекалистер е новото големо засилување на Ливерпул и тој треба да биде двигателот кој ќе го врати клубот на победнички патеки. Ливерпул за првпат откако на клупата е Јирген Клоп нема да игра во Лигата на шампионите, а со доаѓањето на Мекалистер, играта на екипата треба да биде подобрена.
За тоа колку го почитуваат Мекалистер, покажува и фактот дека од клубот му било понудено Аргентинецот да ја добие „осмицата“. Сепак, Мекалистер го одбил дресот со бројот осум и во следната сезона ќе го гледаме со „десетката“ на грбот.
„Имав можност да го земам бројот осум. Тоа е голем број, број кој го носел Стивен Џерард. Сепак, јас се одлучив за 10-ката, која ја носев додека играв во Аргентина, потоа во Брајтон, а и во У23 селекцијата на Аргентина. Тоа е бројот што го сакам и затоа ќе го носам во Ливерпул“, објасни Мекалистер.
We're giving you the chance to win a shirt signed by @alemacallister 👌#VamosAlexis
— Liverpool FC (@LFC) June 8, 2023