Серхио Ромеро, резервниот голман на Манчестер јунајтед, имаше невидена среќа и мина без сериозни повреди по стравотниот удар со автомобил во заштитна ограда близу до тренинг-кампот на клубот.
Откако ја пробил оградата, удрил и во дрво со својот автомобил „ламборгини“ и вистинско чудо е како останал жив.
Автомобилот вреден околу 200 илјади евра е целосно уништен, а фотографиите изгледаат стравотно.
Ромеро има 32 години и му е резерва на Де Хеа во Манчестер јунајтед. По инциденто,т Ромеро успеа дури и да тренира претпладнево со соиграчите на Црвените ѓаволи.