Голман со карате удар ќе убиеше фудбалер и треба да е среќен што доби само црвен картон (ВИДЕО)

Изминатиов период видовме сè и сешто во фудбалот и мислевме дека не можеме да бидеме изненадени, но очигледно погрешивме.

Во ваквата констатација нè демантираше голманот на Ал-Итихад, Муад Елафи, којшто го направи еден од најгрозните стартови во овој спорт и треба да биде среќен што помина само со црвен картон бидејќи можеше да биде и обвинет за убиство.

На мечот од африканската Лига на шампиони против Есперанс од Тунис, Хамад ел Хуни, играч на Есперанс, тргна во напад, а голманот го нокаутира со карате удар. Среќа, па повредениот играч помина без посериозни последици, а за што точно станува збор, погледнете во видеото.

- Оглас -

Најнови вести