Голман гаѓаше од гол на гол и за влакно промаши (Видео)

Мартин Полачек со фантастичен обид го најави најубавиот гол во Полска сезонава, но немаше ниту грам среќа и обидот да ја затресе мрежата на Радомијак со удар од гол на гол за малку заврши покрај рамката од противничкиот гол.

Голманот на домаќините забележа дека неговиот колега од спротивната страна е истрчан далеку од својот гол и упати директен удар од својот шеснаесетник, но промшаи за влакно.

Ова се случуваше во самиот финиш на дуелот, во 93. минута и изгледа многу атрактивно и за среќа на Полачек не е трагично, бидејќи тој и неговите соиграчи се радуваа на победа од 4:2.

Martin Polaček (Podbeskidzie Bielsko-Biała) miss vs. Radomiak Radom (90+3′, Polish I liga) from soccer

 

- Оглас -

Најнови вести