2.6 C
Skopje
четврток, 15 јануари 2026

Голманот го расипа дебито на новиот менаџер на Челзи, Арсенал блиску до финалето (Видео)

Арсенал направи голем чекор кон финалето од Лига Купот, откако во првиот полуфинален натпревар на гости славеше над градскиот ривал Челзи со 2-3.

Топчиите го расипаа дебито на новиот менаџер на Челзи, Лиам Росениор, но натпреварот уште еднаш ја потенцираше потребата за нов голман на „Стемфорд бриџ“. Роберт Санчез повторно беше директен виновник за два гола.

Првиот го прими по само седум минути, кога по корнер на Рајс лошо ја процени топката и доцнеше со интервенцијата, а Бен Вајт ја затресе мрежата за 0-1. Во второто полувреме, Санчез повторно потфрли, топката му помина под рацете, а Ѓокереш ја зголеми предноста на 0-2.

Челзи не се предаде. Со влегувањето на Алехандро Гарначо, тимот доби нова енергија и квалитет. Токму аргентинскиот ас во 57-та минута намали на 1-2, но Зубименди брзо ја врати предноста на Арсенал. Во финишот, Гарначо повторно погоди за конечни 2-3, оставајќи надеж за реваншот.

Реваншот на „Емирати“ е на 3 февруари, додека во другиот полуфинален дуел, Манчестер сити има предност од два гола против Њукасл.

- Оглас -

Најнови вести