Голманот на Арсенал самоуверен: Јас ќе бранам за Англија на СП во Катар!

Голманот на Арсенал, Арон Рамсдејл, се надева дека тој ќе биде прв чувар на мрежата на англиската репрезентација на Светското првенство во Катар следната година.

„Патувањето на ЕВРО 2020? Добро си поминав, иако не ја освоивме титулата. Имавме одличен тимски дух, буквално бевме на неколку чекори од остварување на нешто феноменално. Тој пораз предизвика глад кај нас и сега имаме огромна желба за добар резултат на Светското првенство. Се надевам дека повторно ќе бидам дел од тимот и дека во Катар ќе бидам стартен голман“, вели 23-годишниот Рамсдејл, кој засега нема настап за сениорската репрезентација на Англија, а на ЕП се најде по откажувањето на повредениот Дин Хендерсон.

Џордан Пикфорд е прва голманска опција на селекторот Герет Саутгејт, но до Мундијалот има уште 13 месеци и Рамсдејл се надева дека ќе се наметне и дека тој ќе добие шанса.

- Оглас -

Најнови вести