Голманот на Косово потрошил речиси 50.000 евра за забава во Минхен, келнерката добила бакшиш од 10.000 евра!

Аријанет Муриќ, голманот на Косово, организирал голема прослава во Минхен откако неговиот тим Барнли се избори за пласман во Премиер лигата за следната сезона. Според извори на германскиот весик „Билд“, тој потрошил 50.000 евра за прослава.

На големата журка биле повикани негови пријатели и дел од соиграчите, а на крајот, Муриќ платил 36.000 евра. Голманот не бил циција ни кога се работело за бакшишот, па на келнерката која го служела цела вечер ѝ оставил напојница од неверојатни 10.000 евра.

Меѓу работите кои биле нарачани се 40 шишиња на шампањ Дом Перињон, од кои 10 биле од специјалната едиција која чини 585 евра. Освен на своите пријатели, Муриќ „викнал една тура“ и за сите оние кои биле во ноќниот клуб.

„Беа многу пристојни, одлично се забавуваа и направија супер атмосфера во клубот. Дури им платија пијачка на сите кои беа во клубот. Сум добивала голем бакшиш, но никој не бил толку голем како овој“, изјавила келнерката Шантал, која решила напојницата да ја подели со своите колеги во клубот, а дел од парите ги потрошила за да си купи куче.

Буриќ сезонава бранеше на 38 меча за Барнли во Чемпионшип и сигурно е еден од најзаслужните што тимот е убедливо најдобар во лигата и веќе обезбеди место во Премиер лигата за следната сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести