Голманот направи глупост и е најаслужен за еден од најбизарните автоголови (Видео)

Трабзонспор убедливо со 4:0 го победи Монако во меч од Лигата на Европа за голема радост на фановите на турскиот тим. „Фештата“ во Трабзон започна на еден неверојатен начин, со автогол кој се гледа многу ретко.

Голманот на гостите, Александар Нубел, доби една повратна топка, имаше доволно време да види на кој соиграч да му ја подаде, но тој реши да шутира во правецот во којшто одеше неговиот соиграч Маланд Сар.

Топката удри во Сар и се одби директно во голот за водство на Трабзонспор од 1:0.

Освен овој необичен автогол, имаше и еден еврогол, и тоа постигнат од македонскиот репрезентативец Енис Барди од слободен удар.

- Оглас -

Најнови вести