Фудбалер на Лутон покажа како „докторски“ се дава гол од слободен удар (ВИДЕО)

Екипата на Лутон таун е на добар пат за прв пат во својата историја да настапи во Премиер лигата.

Тие во моментов се третопласирани со 63 бода и имаат шест помалку од Борнмаут кој го има местото кое што носи директен пласман во Премиер лигата.

Сепак, екипата на Лутон и покрај тоа што никој не очекуваше игра фантастичен фудбал сезонава а доказ за тоа е и победата над Хул од 3:1 на гостински терен.

Третиот гол беше мајсторија на Џејмс Бри во 72-та минута, кој погоди од слободен удар од 19 метри. Голманот на домаќините едноставно не се мрдна и со поглед ја испрати топката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести