Голманот помисли дека белата точка е топката и го прими најсмешниот гол во кариерата (Видео)

На дуелот меѓу Хакен и Хамерби во шведското првенство е видена една неверојатна сцена. Уште на почетокот од дуелот, односно во петтата минута се случи најсмешниот момент, а во главна улога беше голманот на Хамерби, Оливер Довин.

Чуварот на мрежата на гостинскиот тим доби една повратна топка од соиграч и рутински ја исконтролира, но потоа се случи нешто неочекувано. Топката се најде зад голманот, а Довин мислеше дека белата точка која беше пред него дека е топката. Тоа го искористи Бени Траоре, кој брзо реагираше и успеа да постигне гол.

Траоре до крајот на полувемето постигна хет-трик и Хакен стигна до водство од 3:0. Гостите во вториот дел постигнаа почесен погодок за конечни 3:1.

- Оглас -

Најнови вести