Голманот сакаше да изведе пенал, но играчите на двата тима решија да го спречат (Видео)

Трабзонспор убедливо со 4:0 славеше над Сиваспор во меч кој ќе се памети по еден невообичаен момент. Домаќините уште по првото полувреме стигнаа до убедливи 3:0 и јасно беше дека ќе стигнат до трите бода.

Во 46-тата минута беше досуден пенал за Трабзонспор, а голманот на домаќините, Угурчан Чакир, тргна да го изведе пеналот. Тренерот на Трабзонспор, Шенол Ѓунеш, беше збунет од потегот на голманот, а интересно е дека кога голманот дојде пред противничкиот шеснаесетник, играчите на Сиваспор почнаа да го бркаат и да го туркаат. Едноставно, тие не сакаа да му дозволат на Чакир да го изведе пеналот.

Потоа и фудбалерите на Трабзон го советуваа голманот да се повлече и да му дозволи на Банза да шутира. На крајот, голманот на Трабзон се повлече, а Банза не успеа да погоди од пенал.

По завршувањето на мечот, Чакир откри дека непосредно пред мечот дознал дека добил ќерка и затоа сакал да го шутира пеналот, но ниту неговите соиграчи, ниту противничките не му дозволија, а на крајот ударот од белата точка не беше реализиран.

 

 

- Оглас -

Најнови вести