7.8 C
Skopje
понеделник, 23 февруари 2026

Голманот си даде автогол со глава од над 20 метри (Видео)

Екипата на Велингтон феникс претрпе убедлив пораз од 5:0 во дуелот со Оукленд во меч од првенството на Австралија. Катастрофата на Велингтон беше најавена во средината на првото полувреме, кога беше постигнат првиот гол.

Тоа всушност беше и автогол, и тоа многу невообичаен затоа што голманот си ја затресе сопствената мрежа, и тоа со удар со глава од маад 20 метри. Несреќникот е голманот Џош Олуваеми, кој една наизглед неопасна ситуација ја претвори во катастрофа за неговиот тим. Топката беше далеку од голот на Олуваеми, кога дефанзивецот на Оукленд, Џејк Гирдвуд-Рајх, испрати долга топка од својата половина.

Она што требаше да биде рутинска интервенција за Олуваеми се претвори во катастрофа кога истрча надвор од сопствениот шеснаесетник и целосно погрешно го процени летот на топката. Во очаен обид да ја отстрани опасноста со глава, Олуваеми ја испрати топката во сопствената мрежа.

Тој автогол беше само најава за целосниот распад кој ѝ се случи на екипата на Феникс, кои примија уште три гола до полувремето. На полувремето беше заменет голманот Олуваеми, но немаше спас од катастрофата. Во второто полувреме Оукленд  постигна уште еден гол за убедлив триумф од 5:0.

- Оглас -

Најнови вести