Голманот Силесен итно опериран по синоќешната повреда

Холандскиот голман Јаспер Силесен, кој го брани голот на Лас Палмас, синоќа на гостувањето во Виго кај Селта мораше да го напушти теренот уште по првото полувреме, откако не сакајќи доби удар со колено во стомакот во дуелот со противничкиот играч Борха Иглесијас.

Силесен веднаш се пожали на големи болки и мораше да го напушти теренот. Тој почнал да повраќа и бил пренесен во болница, каде што е утврдена контузија на цревата и мораше да биде опериран.

Според шпанските медиуми, тој е во стабилна состојба. Засега нема други информации и евентуално колкав ќе биде периодот на рехабилитација и кога Силесен би можел пак да брани.

- Оглас -

Најнови вести