Голманот со погодок во 97 минута го спаси Стандард од пораз (Видео)

Стандард Лиеж и Еупен одиграа 2:2 во меч од 13. коло во белгиското првенство. Домаќините ја имаа улогата на фаворити, но на крајот може да бидат среќни што освоија и само еден бод, иако на тој начин пропуштија шанса да бидат лидери на табелата.

Стандард поведе во првиот дел, а гостите израмнија на 1:1. Во 44 минута беше исклучен еден домашен играч, па Еупен тоа го искористи и поведе со 2:1 во 57 минута. Гостите дадоа и трет гол во 90 минута, но тој беше поништен поради офсајд.

Кога се чекаше да биде означен крајот на мечот, домаќините добија слободен удар од околу 30 метри. Во шеснаесетникот на гостите истрча и домашниот голман Арнаут Богарт, кој во мешаницата најдобро се снајде и ја затресе мрежата на гостите за 2:2, спасувајќи го Стандард Лиеж од пораз.

https://youtu.be/lQqcpT2y9qk

 

do_widget id=custom_html-5]

- Оглас -

Најнови вести