Во Рига, Литванија, во тек е Европското првенство за играчи до 19 години во футсал. Моментно се натпреварите во групната фаза, а навивачите веќе видоа многу убави голови. Сепак, највпечатлив е погодокот кој го даде голманот на Полска, во дуелот против Русија.
Полска губеше со 0:1, кога во еден момент голманот Иванека спаси корнер пред својот гол, а потоа започна неговото шоу. Самиот тргна во напад и успеа да стигне до противничкиот гол и да погоди за 1:1. На крајот Полска победи со 3:2.