Голмански грешки за реми на Силекс и Вардар

Некогашните повеќекратни шампиони Силекс и Вардар одиграа 1-1 во меч на кој имаше се и сешто.

Најпрвин средбата доцнеше со својот почеток бидејќи се дупнала гумата на скопјани додека патувале кон Кратово. Силекс преку Алиќ кој дава гол пет кола по ред, поведе со 1-0, а на голот му кумуваше и лоша реакција на голманот Талески.

До крајот на првото полувреме имаше уште две ситуации за одбележување, краток прекин кој го предизвикаа Комитите со палење на факели и нивно фрлање на терен, и црвениот картин за Донов, по кој Силекс остана со човек помалку.

Кратовци добро се бранеа до 95-та минута, кога Омерагиќ даде гол за огромна радост на вардарци кои освоија голем бод за нив во битката за опстанок, додека Силекс е втор со четири бодови помалку од водечката Шкендија.

- Оглас -

Најнови вести