Голот го славеше како Роналдо и доби црвен картон

Немаат сите ист третман како ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо и тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, а тоа најдобро го почувствува младиот играч на Хајдук. На дуелот меѓу Хајдук и Хрватски Драговољец за играчи до 19 години, фаворитската улога ја оправда тимот од Сплит и победи со 3-1.

Голот за кој најмногу се зборува е последниот на средбата. Тино Блаж Лауш погоди во 57-мата минута за конечни 3-1, а потоа стрелецот на погодокот реши да прослави во стилот на Роналдо и Симеоне. Таквиот начин на прослава судијата го оцени како непристоен и провокативен, па веднаш му покажа црвен картон.

 

- Оглас -

Најнови вести