Голот кога Роналдо никако не можеа да го сопрат (Видео)

Бразилецот Луис Назарио да Лима Роналдо е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. Прославениот Бразилец блескаше во дресот на Барселона, Интер и Реал Мадрид, а поради неколкуте тешки повреди не успеа да биде уште поспектакуларен.

Роналдо низ кариерата постигна многу убави голови, а еден од оние кои ќе се памтат секако е во дресот на Барселона на дуелот против Компостела. На 12 октомври 1996 година, односно пред точно 24 години, Роналдо тргна во напад што противничките играчи никако не успеаа да го сопрат.

https://twitter.com/i/status/1315562854385291264

- Оглас -

Најнови вести