Голот на денот е во изведба на Јусеф Ен-Несири од Фенербахче (Видео)

Фенербахче попладнево го победи Газијантеп со 4-1 во меч од турскиот фудбалски куп, а еден од головите на гостите од Истанбул беше дело на Јусеф Ен-Несири, и тоа е веројатно најубавиот и најатрактивниот гол во Европа кој падна во текот на денешниот ден.

Мароканецот во лет ја шутна топката со волеј по нафрлувањето од Ирфан Џан Кавечи и за негова среќа и уживање на љубителите на фудбалот, тоа беше гол.

- Оглас -

Најнови вести