Во вторникот беше уплатен неверојатен тикет во Марино, каде што еден обложувач со 50 вложени денари одигра само три меча „полувреме крај“ од квалификациите за ЕП 2024 правејќи квота од 2.185 и си заработи 92.884 денари.
Тој на тикетот одиграл по еден меч „кец во икс“, “двојка во икс“ и „икс во кец“ и успеа сите да ги погоди.
Првиот меч беше дуелот меѓу Велс и Турција, кој заврши 1:1, а домашната селекција имаше предност по првото полувреме благодарение на голот на Вилијамс во воведните минути. Турција до бодот дојде во 70-тата минута, кога мрежата на Велшаните ја затресе Јазичи.
Грција и Франција одиграа 2:2 повторно на радост на обложувачот. Французите поведоа во финишот на првиот дел преку Коло Муани, а во второто полувреме прво поведоа Грците со 2:1, по што бодот за Триколорите го донесе Фофана. Обложувачот имал голема доза на среќа бидејќи на Французите во 90-тата минута им беше признат гол иако топката ја помина гол-линијата.
На последниот меч меѓу Романија и Швајцарија беше одиграно „икс во кец“. Романија победи со 1:0 со голот на Алибек во 50-тата минута и со тоа донесе голема радост и добивка во Марино.