По пет години чекање, Хрватска повторно има шанса да се бори за медал на големо натпреварување откако се пласира во полуфиналето на Светското првенство. Коцкестите, кои се кодомаќини на планетарниот собир, во неверојатно драматична завршница ја победија Унгарија.
Губеа Хрватите со 26:30 на шест минути до крајот, но потоа започна „лудилото“. Домаќините израмнија на 30:30, а Унгарија го имаше нејзиниот последен нејзин напад.
Одбраната на Хрватска беше гранитна, а потоа Срна го проигра Марин Шипиќ, кој од пикерската позиција постигна гол буквално во последната секунда за пласман на Коцкестите во полуфиналето на Мундијалот.