Голот на Јувентус бил неправедно поништен!? Фотографија која покажува дека ВАР системот згрешил

Јувентус и Салернитана одиграа 2:2 во меч кој имаше неверојатен финиш. Гостите водеа со 2:1 кога во 90+3 минута беше досуден пенал за Јувентус, а Леонардо Бонучи промаши од белата точка, но одбиената топка повоторно дојде до него и потоа даде гол за 2:2.

Домаќините продолжија да напаѓаат, па по корнерот во 90+5 минута, Милик даде гол за 3:2 за Јувентус и голема радост на трибините. Сепак, радоста траеше кратко затоа што ВАР системот сигнализирање дека Бонучи кој беше во петерецот, бил во офсајд позиција. Дефанзивецот на Јувентус не играше со топката, но се обиде да ја удри, што се смета како активна офсајд позиција и затоа голот беше поништен.

По оваа одлука на судиите се случи хаос на теренот, играчите на двата тима направија голема мешаница, а главниот арбитар додели дури четири црвени картони. Целиот тој хаос може да го видите ТУКА.

По мечот, се појави и фотографија на која се тврди дека ниту Бонучи не бил во офсајд при голот на Милик затоа што Антонио Кандрева бил во активна позиција најблиску до гол-аут линијата. Пресметките се дека Кандрева бил одалечен 2,90 метри од гол-аут линијата, додека Бонучи бил на растојание од 3,42 метри, односно играчот на Јувентус дури 50 сантиметри бил во дозволена позиција.

Спорниот момент е кога Јувентус го изведува корнерот, Кандрева стои за да попречи, а Милик во тој момент ја удир топката кон голот. Според оваа пресметка, Бонучи е дури половина метро зад Кандрева во линијата.

- Оглас -

Најнови вести