Ракометната репрезентација на Македонија на стартот од ЕП кое се игра во Германија загуби со 39:29 од Франција, но избраниците на селекторот Кирил Лазаров имаа одлични моменти кои беа „наградени“ од Европската ракометна федерација во изборот на најдобри моменти.
Одлична партија одигра пикерот Милан Лазаревски, кој натпреварот го заврши со четири гола, а еден од нив беше избран меѓу петте најубави голови на првиот ден од Европското првенство.
https://twitter.com/i/status/1745369249017631049