Голот на Македонија Ѓорче Петров ќе го брани Иранец!

Иранскиот голман Амирхосеин Хаџиага е нов член на Македонија Ѓорче Петров. На два дена пред почетокот на вториот дел од сезоната во првата македонска лига, Лавовите се пофалија дека ангажирале голман од Иран.

Хаџиага е висок 188 сантиметри, наскоро треба да наполни 21 година, а доаѓа од младинскиот тим на Персеполис. Хаџиага има брането и за селекцијата на Иран за играчи до 19 години.

- Оглас -

Најнови вести