23.8 C
Skopje
петок, 12 септември 2025

Голот на Омерагиќ доволен за три бода на Вардар

Вардар минимално со 1:0 ја победи Македонија Ѓорче Петров во меч од петото коло на Прва фудбалска лига на Македонија. Со оваа победа и трите освоени бода, Вардар е лидер на табелата со 13 бодови. Колото ќе се комплетира викендов.

Вардар од првиот момент тргна офанзивно, а гостите беа орјентирани на дефанзива, да го одбранат својот гол. Тоа им успеа во првото полувреме кога резултатот остана 0:0.

На почетокот на второто полувреме се случи моментот на одлука. Се играше 52 минута кога одбраната на гостите киксираше, а тоа го искористи вардаровиот напаѓач Азер Омерагиќ кој погоди за 1:0.
И во продолжение на дуелот, Црвено-црните имаа контрола на играта и на крајот заслужено стигнаа до четвртата победа во петото коло сезонава.

 

- Оглас -

Најнови вести