Фиорентина и Интер го одиграа највозбудливиот меч овој викенд, а на крајот двата тима освоија по еден бод. Мечот во Фиренца заврши 3-3, а домаќините се спасија од пораз со погодок од пенал во 101-вата минута. ВАР-системот одлучи дека Фиорентина треба да добие удар од белата точка, кој беше реализиран.
Сепак, пред голот за реми, Фиорентина го даде можеби најубавиот гол сезонава во Серија А. Дело е на Луис Муриел. Погледнете каква „ракета“ упати играчот на Фиорентина во мрежата на Интер.
https://twitter.com/i/status/1099779422754930688