ВАР му ја одзеде победата на Интер во 101-вата минута

Фиорентина и Интер ремизираа 3-3 можеби во највозбудливиот меч кој викендов се одигра во топ 5 лигите. Уште во првата минута беше најавено дека ќе биде драматично, откако домаќините поведоа со автоголот на Де Вреј. Сепак, Интер до полувремето успеа да направи целосен пресврт и по првите 45 минути водеше со 2-1.

Во 52-рата минута Перишиќ од пенал зголеми на 3-1 за „нераѕурите“, но Фиорентина не се предаде. Муриел во 74-тата минута намали на 2-3, а погодокот кој го постигна е можеби и најдобриот сезонава во Серија А и можете ТУКА да го погледнете. 

Во последните минути се случуваше вистинска драма. Во 96-тата минута, Данило Д’амброзио играше со рака во шеснаесетникот, а судијата реши да покаже пенал за Фиорентина.

По 2-3 минути расправии, арбитерот Росарио Абисо реши да гледа повторена снимка на ВАР-системот, а таму само доби потврда на својата првична одлука. Фиорентина изведе пенал и во 101-вата минута израмни на 3-3 и стигна до бод во овој неверојатен меч.

- Оглас -

Најнови вести