Аталанта со пресврт во второто полувреме дојде до победа на гостувањето кај Наполи од 2-1 и со новите три бода екипата од Бергамо ја продолжува битката за место во Лигата на шампионите.
На дождливото време, на почетокот подобро се снајдоа домашните, Наполи поведе преку Дрис Мертенс во 28-мата минута. Погледнете ја акцијата која Белгиецот ја круниса со погодок:
https://twitter.com/i/status/1120380958895566848
Но, во второто полувреме мотивите беа поголеми кај Аталанта.
Изедначи сезонава одличниот Дуван Запата, кој го даде својот 14-ти гол на гостувањата сезонава во Серија А, а беше многу сличен на тој на Мертенс:
https://twitter.com/i/status/1120395816785543171
Победата на гостите им ја донесе Марио Пашалиќ во 80-тата минута:
https://twitter.com/i/status/1120397286884958208