Голови се загарантирани во Лондон и Барселона

1010 Тотенхем – Манчестер сити (17:30 ч.)

Дербито од првото коло во Премиер лигата најверојатно ќе помине без првата ѕвезда на домаќините, Хари Кејн. И Сити нема да биде комплетен, но ако се знае дека гостите имаат многу поголем ростер, би требало да најдат начин како да стигнат до трите бода на лондонското гостување.

Тотенхем ги доби последните два меча со Сити на свој терен и тоа со по 2:0, а Граѓаните се надеваат дека по три години пауза ќе си заминат среќни по гостување кај овој ривал. На последните 25 меча на овие два тима секогаш имало погодоци, па и сега треба да се очекуваат возбудувања.

Предлог тип: 1-3 I& 1-3 II (2.19)

 

1307 Барселона – Реал Сосиедад (20 ч.)

Голема е листата на оние кои нема да играат за Барселона на овој меч: Агуеро, Дембеле, Легле, Де Јонг и Тер Штеген, а да не заборавиме ова е почеток на ерата без Лионел Меси на каталонскиот гигант. И без Меси, во подготовителниот период Барса даваше речиси по три погодоци на натпревар, а победата од 3:0 против Јувентус дополнително ја крена самодовербата.

На осум од последните 11 меча меѓу овие два ривали, било возбудливо со голови на двете страни и било ГГ3+.

Предлог тип: ГГ3+ (1.97)

 

1710 Марсеј – Бордо (20: 45 ч.)

Тимот од Марсеј има тим за висок дострел оваа сезона, додека Бордо со поразот на домашен терен од новиот прволигаш Клермонт, покажа дека ќе има тешка сезона.

И традицијата е на страната на домаќините, па Олимпик ги има добиено последните пет средби на свој терен против Бордо, па и сега не би требало да има проблеми да ги освои трите бода.

Предлог тип: 1 (1.55)

 

1809 Келн – Херта (17:30 ч.)

Двете екипи се во добра форма и немаа пораз на последните 8-9 натпревари. Келн лани се спаси од испаѓање дури во финалето на плејофот со победа над второлигашот Кил, а и Херта беше во долниот дел од табелата, што значи дека овие две екипи и сега треба главна цел да им е да не испаднат.

Ланските два меча во Бундеслигата завршија идентично 0:0, што е реткост во Бундеслигата, но ако се гледа според тој факт, не би требало да има многу погодоци.

Предлог тип: 0-1 I & 0-2 II (1.66)

 

1308 Севилја – Рајо Вајекано (22:15 ч.)

Ова треба да биде една лесна победа на домаќините. Севилја има многу поквалитетен состав од гостите, кои по пауза од три години повторно се враќаат во Примера. Ако се погледне традицијата, Севилја победувала на осум од последните девет дуели со ривалот од Мадрид и дури шест пати тоа биле мечеви со по барем три погодоци.

Навивачите на „Рамос Санчес Писхуан“ сигурно и вечерва ќе имаат повеќе причини за радост.

Предлог тип: 1&3+ (2.35)

 

- Оглас -

Најнови вести