Голови во 92-рата и 94-тата минута донесоа добивка од 4.000 евра во Гостивар (Фото)

Редовен играч на Sport Life од Гостивар изминатиот викенд успеа да си добие речиси 4.000 евра со уплата од 3,5 евра откако погоди осум натпревари. На тикетот се одиграни шест натпревари од француските лиги и по еден од Шпанија и Италија.

Уплатата од 200 денари беше доволна за неверојатна добивка од 237.570 денари, но вистинската радост ја донесоа два гола кои беа постигнати во судиското надополнување на натпреварите.

Мечот помеѓу Лориен и Ажаксио потребно беше да заврши 3+, а домашните имаа водство од 2-0 сè до 92-рата минута, кога Гентон погоди за конечни 3-0. Следуваше дуелот од Шпанија помеѓу Ваљадолид и Мајорка, на кој исто така се чекаше да паднат најмалку три гола. Гостите имаа водство од 0-2 сè до 94-тата минута, кога Иван Санчес погоди за Ваљадолид и ги постави конечните 1-2.

Голот во 94-тата минута значеше и голема добивка во Гостивар, со оглед на тоа дека токму само уште тој гол беше потребен за да бидат „заокружени“ сите натпревари на тикетот.

- Оглас -

Најнови вести