Гонзало Гарсија е момчето на кое сезонава сè му оди, вечерва му донесе победа на Реал

Реал Мадрид на драматичен начин се пласираше во полуфиналето на шпанскиот куп, Кралскиот клуб го победи Леганес со 3-2, а триумфот го донесе Гонзало Гарсија со 93-та минута.

Фановите на Реал го знаат Гонзало кој сезонава е одличен во вториот тим (има 19 гола на 21 меч), но не добиваше шанса да заигра со сениорите во првиот тим поради силната конкуренција. Вечерва влезе на десетина минути до крајот и постигна убав гол со глава, и спречи мачење од уште најмалку половина час.

Реал по 25 минути водеше со 2-0, стрелци беа 39-годишниот и 18-годишниот Ендрик (најголема разлика во возраст на двајца стрелци на еден меч во историјата на Реал), но си дозволија да примат два гола и дуелот да стане неизвесен.

За Гонзало ова беше само трети официјален меч за првиот тим на Реал, и дебитантски гол.

- Оглас -

Најнови вести