33.8 C
Skopje
недела, 10 август 2025

Гонзало Гарсија потпиша договор со Реал Мадрид до 2030, но не го доби дресот со бројот 9

Реал Мадрид официјално објави дека напаѓачот Гонзало Гарсија потпишал договор со важност до 2030 година.

Гонзало воодушеви со игрите на Светското клупско првенство како го искористи отсуството на Килијан Мбапе додека се мачеше со стомачниот вирус, и тренерот Чаби Алонсо инсистираше Шпанецот да остане во првиот тим на Реал и да не биде продаван или позајмен.

Гарсија кого го споредуваат со легенди на Реал како Хуанито и Раул, ќе го носи дресот со бројот 16 кој минатата сезона беше кај младиот Бразилец Ендрик. Деветката која ја ослободи Мбапе кој ја наследи десетката од Лука Модриќ, ќе ја добие Ендрик.

Гарсија се приклучи на Реал Мадрид во 2014 година на 10-годишна возраст и помина 10 години во академијата на Кралскиот клуб. Тој постигна 25 гола за Кастиља минатата сезона.

- Оглас -

Најнови вести