Горан Драгиќ го запали балканскиот регион со објавата на Инстаграм (Фото)

Словенечкиот кошаркар Горан Драгиќ, кој игра за Чикаго булс во НБА лигата, синоќа на натпревар дојде носејќи дуксер на кој пишуваше Југославија и го имаше грбот на некогашната држава во чии граници во минатото беше и Македонија.

Освен што беше облечен како „Југословен“, Драгиќ на Инстаграм остави порака: „Ќе бидеме светски прваци“.

Со ова, Словенецот асоцираше на филмот со тој наслов, инспириран од првата светска титула на Југославија во кошарка, во 1970 година, на првенството чија завршница се играше во главниот град на Словенија, Љубљана.

Објавата на Драгиќ предизвика многу, претежно позитивни реакции на просторите на екс Југославија.

- Оглас -

Најнови вести