Горан Иванишевиќ ќе го предаде Новак Ѓоковиќ, станува тренер на Јаник Синер?

Според италијанскиот весник „Ла Газета дело спорт“, Хрватот Горан Иванишевиќ е сериозен кандидат за да стане тренер на моментно најдобриот светски тенисер, Јаник Синер.

Светскиот рекет број 1 веќе извесно време во својот тим собира поранешни соработници на Новак Ѓоковиќ, ги зеде екскондицискиот тренер и физиотерапевтот на Ѓоковиќ, па не е ни чудо што сака за тренер да го ангажира Иванишевиќ кој до неодамна му беше тренер на Новак и заедно освоија многу трофеи.

Иванишевиќ би требало да му помогне на Синер околу сервисот, но не е единствен кандидат за нов тренер на Италијанецот. Во комбинација се и Андреас Сепи (идол на Синер од детството) и Андре Агаси (и американската легенда во минатото работеше со Ѓоковиќ).

- Оглас -

Најнови вести