Ѓорчепетровци и Штипјани решени експресно да се вратат во Прва лига

Македонија Ѓорче Петров и штипска Бргалница се двата тима кои имаат максимални 9 бодови после три кола во новата сезона во Втората македонска фудбалска лига, и овие два клуба најавуваат решеност експресно да се вратат во прволигашкото друштво.

Лавовите од Ѓорче денеска ја победија прилепска Победа со 3-0, со три гола на Симеон Христов, додека Брегалница со 2-1 беше подобра од Каменица Саса. Арсими кој тргна со две победи, денеска загуби дома од Башкими со 0-2. Добар е и Кожуф кој денеска беше убедлив со 4-1 против Осогово и собра 7 бода во првите три рунди.

- Оглас -

Најнови вести