Анадолу Ефес поведе со 1:0 во серијата против Барселона со победа од 75:68 и на стартот ја сочува предноста на домашен терен.
Турскиот состав веднаш најави дека ќе победи, а предноста по првиот период беше голема, цели 11 поени. Барселона се обиде да возврати ја доби втората четвртина со 21:14, но тоа беше сè од гостите.
Ефес пак се врати во ритам и до крајот успеа да победи и да стартува со 1-0 во четвртфиналната серија во Евролигата против Каталонците.
Василие Мициќ со 21 поен беше најефикасен на мечот и во таборот на Ефес, Морман и Ларкин постигнаа по 12 поени, а Анте Томиќ беше прв поентер кај гостите со 14 поени.