26.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Гордиот Албион трет пат во низа се пласираше во полуфиналето на СП

Репрезентацијата на Англија е последниот полуфиналист на Светското првенство за жени кое се игра во Австралија и Нов Зеланд. Фудбалерките на Гордиот Албион со 2:1 ја победија Колумбија и си закажаа дуел против Австралија.

Англија беше фаворит пред дуелот, но Колумбија прва постигна гол. Во 44 минута Сантос донесе радост за селекцијата од Јужна Америка. Сепак, оваа нивна предност не траеше долго. Се играше седмата минута продолжение од првото полувреме кога Хемп погоди за 1:1.

Целосниот пресврт се случи во 63 минута кога Алесија Русо погоди за 2:1 за Англија. До крајот на мечот немаше промена на резултатот и Англија по трет пат во низа ќе биде дел од четирите најдобри селекции на Мундијалите.

- Оглас -

Најнови вести