Стандард беше подобар половина час во дуелот со големиот ривал Андерлехт, но фудбалот беше во втор план во Лиеж, каде во фокусот беа гостинските навивачи.
https://www.youtube.com/watch?v=Xeor1wCH46c
Симпатизерите на Андерлехт и буквално го запалија својот дел од трибините и постојано фрлаа факели на теренот, па судијата Ламбрехтс по два прекини донесе конечна одлука вечерва повеќе да не се игра.
Стандард и Андерлехт се големи ривали во Белгија и нивните мечеви се постојано со многу тензија и инциденти. Така беше и вечерва, а прекинот го режираа гостинските навивачи, па Андерлехт може да очекува драстична казна и веројатно службен пораз од 0:3.
Коментарите се затворени.