Горецка и Кимих со милион евра покренаа хуманитарна акција, се приклучија и други германски репрезентативци

Фудбалерите на Баерн Минхен Леон Горецка и Џошуа Кимих, покренаа хуманитарна акција „We kick Corona“ преку која ќе собираат донации кои ќе се користат во борбата пртоив Коронавирусот. Двајцата веќе донираа еден милион евра, средствата ќе се поделат по потреба на погодените граѓани на Германија од вирусот Ковид-19, а во акцијата им се приклучија сегашни и поранешни репрезентативци на Панцерите, како Матс Хумелс, Лирој Сане, Џулијан Дракслер.

„Коронавирусот може да го победиме само како тим. Сакаме да им помогнеме на луѓето во цела Германија, особено на оние кои им помагаат на заболените. Јасно ни е дека ова е само мал придонес, не е важно кој колку ќе донира, туку да има желба да се приклучи во оваа битка. Со здружени сили да покажеме совест и одговорност, ако бидеме едни покрај други ќе ја надминеме оваа криза“, истакна Кимих.

Бројката на заразени во Германија надмина 10.000, но потврдени се само 24 смртни случаи досега.

- Оглас -

Најнови вести