Горецка отсуствуваше четири месеци, и се врати со важен гол за победа на Баерн (Видео)

Баерн Минхен со половина сили го победи Фрајбург со 4-1 во Бундеслигата, и се загреа за дуелот со Вилјареал од четвртфиналето во Лигата на шампионите. Баварците малку калкулираа со силите, но кога домаќинот изедначи на 1-1, фаворитот ја покажа силата.

Леон Горецка немаше играно уште од 4 декември, а попладнево беше стартер и играше 62 минути, а во 58-ма погоди за водство на Баерн од 1-0, и ја најави победата која ја потврдија Гнабри, Коман и Забицер, откако претходно Фрајбург израмни на 1-1.

Фрајбург кој е петти на табелата, немаше лигашки пораз во претходните шест кола, но Баерн е друго ниво.

Ова е голот на Горецка со кој се најави голеадата:

- Оглас -

Најнови вести