Ѓорѓиев со најбрз хет-трик во првата лига – Академија Пандев немаше мака со Скопје

Само 29 минути му беа потребни на пепи Ѓорѓиев да постигне три погодоци против Скопје со што стана сопственик на најбрзиот хет-трик во првата фудбалска лига на Македонија.

Новото засилување на Академија Пандев го предводеше својот тим до победата од 5:0 со што ќе ја продолжат потерницата по лидерот Шкупи по 20 одиграни натпревари.

Деветката на Пандевци погоди во 5-та, 11-та и 29-та минута му обезбеди мирно второ полувреме на својот тим, додека Виктор Ангелов во 76-та минута и Кристијан Велиновски во 84-та минута ставија печат на победата. Со новите три, Академија сега има 38 бода и е на треттото место, додека Шкендија е втора со 40.

Првопласираниот Шкупи е на бројката од 48 откако триумфираше против Работнички со 1:0 на гостински терен. Стрелец на единствениот гол за Чаирчани беше Марјан Радески во 67-та минута.

ПРВА ЛИГА

Академија Пандев – Скопје 4:0

Струга – Брегалница 1:1

Тиквеш – Пелистер 1:0

Работнички – Шкупи 0:1

Ренова – Македонија ЃП 0:1

- Оглас -

Најнови вести