Господата од Берлин: Унион ќе обезбеди тестови за ковид-19 за 20.000 навивачи

Бундеслигашот Унион Берлин ќе обезбеди тестови за ковид-19 за 20.000 навивачи со цел да ја почнат новата сезона пред полни трибини. За секој меч што ќе го играат на домашен терен, управата на Унион ќе финансира по 22.012 тестови (колку што е капацитетот на стадионот) и плус за стручниот штаб.

Секој навивач кој ќе сака да присуствува на натпреварите ќе мора да покаже негативен тест не постар од 24 часа, за да добие дозвола за влез на стадионот. Ваквата џентлменска иницијатива ќе ги натера и останатите клубови да размислат и на ист начин да си овозможат поддршка во новата сезона.

Сезоната 2020/21 во Бундеслигата ќе започне на 18 септември.

- Оглас -

Најнови вести