Се знае точниот датум за старт на новата сезона во Бундеслигата

Со еден месец задоцнување ќе започне новата сезона во Бундеслигата. Традиционално, германското првенство започнуваше во средината на свгуст, а овојпат потврдено е дека првото коло од новата сезона ќе се игра на 18 септември.

Како главна причина за тоа што подоцна ќе започне новата сезона е поради мечевите кои во август треба да ги играат дел од германските клубови во европските купови, Лигата на шампиони и Лигата на Европа. Баерн Минхен ќе биде дел од четвртфиналето од Лигата на шампиони, а во Лигата на Европа ќе треба да играат Баер Леверкузен, Ајнтрахт Франкфурт и Волфсбург.

Традиционално, неколку дена пред почетокот на новата сезона во Бундеслигата ќе се играат мечевите од првото коло во Купот на Германија и тоа во периодот од 11 до 14 септември. За навремено да заврши новата сезона, планирано е да се скрати зимската пауза, па фудбал во Германија ќе има уште во првата недела на јануари.

- Оглас -

Најнови вести