Гостинските навивачи го ишараа теренот на најголемиот ривал, но потоа добија „шлаканица“ (Фото+Видео)

Коринтијанс минимално со 1:0 го победи Палмеирас во големото градско дерби на Сао Паоло. Мечот се играше без публика, но фановите сепак беа во центарот на вниманието. Први во акција тргнале симпатизерите на Палмеираш.

Ноќта пред да се игра дуелот, навивачи на гостите успеале да влезат на стадионот и пред головите да испишат пароли со поддршка за Палмеирас. Бидејќи дуелот требаше да се игра за помалку од 20 часа, домаќините не успеаја да ги избришат пораките, па дуелот се одигра на ишаран терен.

Дека и домашните фанови не останаа без одговор, се покажа за време на дуелот. Пред крајот на мечот над стадионот се појави дрон на којшто стоеше паролата „Засекогаш 8 април, каков момент, хахаха“. На 8 април 2018 година Коринтијанс во финалето на првенството на Паулиста со 1:0 го победи Палмеирас.

И на денешното дерби Коринтијанс победи со 1:0, а потоа на теренот се појави и резултатот за добро да го запамтат гостите.

 

- Оглас -

Најнови вести