Гостивар стигна до 12-тата победа сезонава откако убедливо го совлада тимот на Вардар со конечни 99:66. Во мечот од 19-тото коло, кој се одигра пред полната сала „Младост“ во Гостивар, кошаркарите на Србиновски доминираа во текот на целиот натпревар, па без многу проблеми го одржаа победничкиот ритам.
Гостите парираа само на стартот од средбата, а потоа гостиварци додадоа гас и пред паузата стигнаа до првата двоцифрена предност. На високо ниво се продолжи и во останатите две четвртини, а веќе беше јасно кој ќе слави во оваа пресметка, откако Гостивар во последните 10 минути влезе со големи +30.
Тенксли Ефијанај беше најрасположен кошаркар од редовите на Гостивар со 21 поен, Димитриевски и Трајковски додадоа по 14 поени. Кај поразените, како најефикасен се истакна Михајловски со 18 поени.
Претходно, во 18 часот Блокотехна настапи во БИБЛ-лигата, каде што загуби од Берое на домашен терен со 100:104.