Гостивар одигра нерешено против турски суперлигаш

Екипата на Гостивар ремизираше 1-1 во пријателски натпревар против турскиот  суперлигаш Газијантеп. Двата гола паднаа во второ полувреме, гостиварци поведоа, а во финишот противникот се спаси од пораз.

Клубот кој под името Газијантепспор се натпреваруваше во турската Суперлига после оној катастрофален земјотрес, престанаа да играат, но им беше потврден прволигашки статус и во следната сезона.

Најпознато име во Газијантеп е Лазар Марковиќ некогашниот играч на Партизан Бенфика, Ливерпул и други клубови.

 

- Оглас -

Најнови вести