Доказ дека Lucky 888 Bonus акцијата на Sport Life и тоа како се исплати е добитниот топ-тикет кој ни доаѓа од Гостивар.
Со погодени 11 парови, обложувачот фати услов за 11% дополнителен бонус, или 56.776 денари кои влегоа во огромната добивка од 572.922 денари, притоа вложи 1.000 на своето добитно ливче.
Типувањето на голови му донесе дополнителна среќа на обложувачот како една од најчестите игри во најдобрата обложувалница во Македонија.
Воедно обложувачот дочека пресврт на Баерн Минхен во големото дерби против Борусија Дортмунд за да погоди „кец и 3+“ голови во победата од 4-2 за квота од 2.06. И Јувентус му губеше во дербито против Лацио, но тимот на Пирло ја сврте средбата во своја корист со конечни 3-1, за погоден тип 1X & 2-5 и добитен коефициент 1.70.
ПЕНАЛ 90+7 ГО ИЗРАДУВА СТРУМИЧАНЕЦОТ СО 4.800 ЕВРА
Изборот на типови и игри е огромен во билтенот на Sport Life, меѓутоа обложувачот од Струмица на наједноставен начин си ги наполни џебовите со фантастични 296.036 денари со долгометражниот добитен тикет составен со 11 „кеца“ и само една „двојка“.
Една од најголемите квоти на тикетот, „кецот“ на Свонси против Мидлсборо, беше дуелот кој до последно ги тестираше нервите на среќниот добитник. Ају погоди пенал за победа од 2-1 на Лебедите во седмата минута од судиското надополнување, по што беше јасно дека ќе има причина за радост во Струмица.
Уплатата од 500 денари и тоа како му се исплати, вербата во победи на домаќините беше најава за голема добивка во јужниот дел од Македонија, но сепак како најсигурен тип се покажа дека е Лајпциг и убедливата победа од 3-0 на гости кај Фрајбург.
БОГАТСТВОТО СЕ КРИЕ ДЛАБОКО ВО „ДЕБЕЛИОТ“ БИЛТЕН
Посебно знаење е потребно да се „откопаат“ натпревари кои ќе ти донесат добивка, а тие најчесто се прескокнати од поголемиот дел обложувачи. За тоа како се добива екстра добитна сума од 222.000 денари, докажува обложувачот од скопско Марино, кој со четири опасни типови и влог од само 50 денари го најде богатството скриено длабоко во „дебелиот“ билтен на Sport Life.
Најголемата квота на тикетот изнесува 12.50, односно дуелот меѓу англиските нисколигаши Истлих и Бромли, кој гостите го добија со конечни 2-1. Првото полувреме заврши без голови според планот, па иако Бромли се најде во негатива на стартот од вториот дел, до 86-тата минута резултатот беше во нивна корист.
Стоук и Визела триумфираа со идентични 2-0 против Вајкомб, односно Мафра, откако на средбите мрежите мируваа во првото полувреме. Хајдук си ја заврши работата во првите 45 минути и славеше триумф од 2-0 против Вараждин.
И МИНИМАЛНИОТ LUCKY BONUS Е ДОБРЕДОЈДЕН
Само во Sport Life може да се дојде до добивка со посебната игра 1+I & 3+, а воедно да се фати услов за Lucky 888 Bonus за дополнителна награда на веќе убавата добивка од 198.029 денари. Точно осум парови се доволни за минимален бонус од 8%, за дополнителни 14.668 денари.
Монотоната комбинација со натпревари од повеќе англиски лиги ја разби шпанската пресметка меѓу Валјадолид и Хетафе, во која домаќините славеа со 2-1, а условот за добитниот тип беше постигнат уште во првите 45 минути.
Лестер во финишот од гостувањето кај Брајтон го сврте резултатот во своја корист со конечни 2-1, со што се потврди големата добивка за која беа потребни да се издвојат само 100 денари.