Кошаркарите на Гостивар заедно со стручниот штаб со завршна забава во „Уранија“ ја прославија успешната сезона. Под водство на Марјан Србиновски, гостиварци стигнаа до полуфиналето од Првата лига на Македонија, каде загубија од вицешампионот МЗТ Скопје со 3-0 во серијата.
Сепак, за успех се смета пласманот бидејќи за првпат по 17 години кошаркарски клуб од овој град успеа да се најде во една плејоф завршница, а претходно годинава Гостивар играше и во полуфиналето од Купот на Македонија, каде загубија од Блокотехна.
Воедно, ова е простување на спортскиот директор Бали Саити со клубот, кој во иднина ќе ја извршува функцијата на потпретседател во кошаркарската федерација.