Готово е, Арсенал ги собори клупскиот и англискиот рекорд и на „Емирати“ го донесе најдобриот играч на Вест Хем

Англискиот репрезентативец Деклан Рајс, до крајот на неделава и официјално ќе стане нов фудбалер на Арсенал, откако Топчиите се согласија да платат колку што бараше Вест Хем.

Арсенал денеска се согласи си да плати рекордни 120 милиони евра (100 милиони фунти плус пет милиони во бонусо) отштета за Рајс, откако управата на Вест хем ги одби првите две понуди на градскиот ривал.

https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1674119998824931328?s=20

Во игра за потпис со Рајс беше и Манчестер сити, но европскиот шампион се откажа од трката откако фудбалерот изјави дека единствена желба му е кариерата да ја продолжи во Арсенал.

Претходно, најскапо засилување во историјата на Арсенал беше Николас Пепе, кој беше платен 82 милиони евра.

Арсенал исто така го собори и рекордот во Премиер лигата кога станува збор за висината на трансферот. Досегашниот рекорд го држеше Манчестер сити кој минатото лето и плати на Астон Вила 117 милиони евра за Џек Грилиш.

- Оглас -

Најнови вести